Neptun Makedonija – NEPTUN MAKEDONIJA D.O.O

Нептун ја направи првата мобилна апликација во Македонија за онлајн шопинг на апрати за домаќинство, бела техника, телевизори, смартфони и компјутери.
Онлајн купувањето никогаш не било полесно! Преку вашиот смартфон може да ги погледнете сите производи, да ги изберете и платите потребните производи и истите да ви бидат доставени до вашиот дом или пак да ги подигнете од нашите 25 продавници ширум Македонија.
Придобивка плус и голем напредок во онлајн купувањето е овозможувањето на нашите купувачи кои се дел од лојалната програма “happy” да можат да ги користат бенефициите и онлајн. Тоа се: повластените “happy” цени (цените со попуст), добивање и користење на наградните поени и стекнувањето на нивоа на лојалност.
Со најавувањето на вашиот “happy” акаунт ќе имате увид во: набавените производи, добиените поени, нивото на лојалност.
Со мобилната апликација бидете секогаш во тек со промоциите на Нептун. За секоја голема промоција ќе добивате нотификација на вашиот смартфон.